Што треба да јадете за здрави коски?

Цврстите коски се еден од предусловите за здрав и активен живот, доколку сте во средна или стара доба. Личностите што имаат цврсти коски, во помала мера, се склони кон кршење коски и остеопороза во старата доба.

Потребно е повеќе хранливи состојќи да се внесуваат со секојдневната исхрана, бидејќи нашето тело не е во состојба само да ги произведе. За здрави коски нужна е исхрана богата со витамини и минерали, со акцент на внес на калциум и витамин Д.

Имено, калциумот и витаминот Д треба да се внесуваат паралелно бидејќи апсорпцијата на витамин Д не може да се одвива без присутноста на калциумот.

Што да јадете за поздрави коски?

Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук претставува одличен извор на минерали потребни за зачувување на густината и здравјето на коските. Примарно, тоа се калциум, магнезиум, фосфор, калиум и железо. Во своето мени вклучете го кељот, кинеската зелка и зелјето. Додека спанаќот и блитвата изобилуваат со калциум, исто така содржат и поголемо количество оксалати, кои можат да ја спречат апсорпцијата на калциумот.

Продукти богати со протеини

Консумирањето продукти што содржат поголеми количества протеини помагаат во зајакнувањето на коските, па затоа обратете внимание на месо од мисирка, пилешко, риба, сирење, јајца ,млеко, тофу, безмасно говедско, соино млеко, грав, јаткасти плодови и разни семки.

Житарки од цело зрно

Во исхраната е важно да  го вклучиме доволното количество јагленохидрати, за да не се сврти нашето тело кон искористување на енергијата од протеините. Консумирајте кафен ориз, зоб, пченкарно брашно и хељда.

Здрави мрснотии

Корисните маснотии се од голема важност за здравјето на коските. Рибиното масло би требало да биде задолжителен дел од вашата исхрана. Одбирајте масна риба, како туна, лосос, скуша и сардина.

Advertisement