Шипките се хранливо овошје богато со антиоксиданси, од секогаш ценети како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот. Нивниот сок, семките и маслото се многу популарни.  

Многу студии потврдиле дека се работи за најлековитото овошје на светот поради благотворното дејство на кардиоваскуларниот, нервниот и коскениот систем.

Го намалува крвниот притисок

Се покажало дека дневна доза од екстракт на шипки, во вид на чај или мармалад, може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Научниците сметаат дека шипките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања кај дебелите луѓе за 17 проценти.

Превентива против рак

Покрај користа за срцето и крвните садови, состојките на шипките го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемијата и ги спречуваат промените кои го поттикнуваат растот на туморот.

Извор на витамини

Шипките се богати со витамин Ц и се сметаат за одлично средство против воспалителни процеси, а богати се и со витамин Б5, калиум, природни феноли како што се елагитанин и флавоноид.

Ги јакне коските и имунитетот

Шипките содржат и фитохемикалии кои го поттикнуваат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естрогенот кој е одговорен за коскената маса. Ова откритие е многу важно за превенција на остеопорозата.

За подигање на имунитетот и превенција на здравствените проблеми стручњаците препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитри свеж сок или квалитетен купечки сок од шипки.

Подготовката на шипките во домаќинството е голема, од нив може да се направи мармалад, желе, колачи, меласа, сокови, ликери, вино и чај.

Сподели