Шешир – моден тренд кој никогаш не застарува

Шеширите се едни од најубавите модни додатоци кои се актуелни за сите годишни времиња, особено на пролет, есен и зима. Тие во последните неколку години се постојано во тренд и еден од најатрактивните модни аксесоари. Ги има во различни форми, се комбинираат со различни детали се во зависност од обликот на лицето. Низ историјата дамите ги прекривале своите глави со најразлични шешири. Некогаш носењето на овој аксесоар било истакнување на високиот статус што некој го уживал во општеството. А, сега стана дел од секојдневието на секоја дама.

14079517_10210703258202763_4590620587234510234_n12507226_10208802772931819_5731741376756409854_n13260236_10209895294644179_8236783524142867291_n
Препорачливо е изборот на шешир да го правите според остатокот од вашата облека. Секогаш земајте предвид кои бои доминираат во вашиот плакар;

13043621_10209605184551608_4317432365984031068_n12417828_10208752101145056_3151515680016525356_nimages-3images

Најзначајно е шеширот да го одберете соодветно со обликот на вашето лице; Девојките со округло лице се препорачува да одбираат шешири кои визуелно ќе ги издолжат, како на пример каубојските шешири;

Шешир – Моден додаток кој не застарува и секогаш е во тренд.

И на изминатите ревии за мода за оваа сезона, овој детал беше најдоминантен на пистата. Креаторите го претставија како неизбежен моден додаток за на плажа, планина или во град. Освен тоа што ќе ве заштити од јакото сонце, шеширот ќе допринесе да изгледате посебно и впечатливо. Она што е најважно е дека не морате многу време да губите околу изборот на моделот на шеширот бидејќи, како што кажуваат модните стилисти, оваа сезона во тренд се сите облици и големини.Се издвојуваат големите шешири во сите бои, кои идеално прилегаат во комбинација со мега наочари и широки фустани. Модерни се и помалите шешири, украсени со лента во спротивна боја, кои совршено одговараат со ” safari look “ или со некоја елегантна облека.

12074869_10208232509595592_5200183240222974671_n11781898_10207607213443579_5781803456290991588_n

Scroll To Top