Доста познато во јавноста е дека сенфот, мајонезот, кечапот се производи кои многу се користат во исхраната. Тие можат да се најдат на секоја трпеза, во секое време. Секој од нив си има свои позитивни, но и негативни страни.

Од сите овие производи, сенфот е најздрав и има најмалку калории. Всушност една лажица сенф има само 3 калории и ниту еден грам масти, што прави совршено да се вклопи во вашата исхрана.

Доколку во секој оброк се додадат 20 грама сенф, по неколку часа, способноста на организмот за согорување на мастите ќе се зголеми за 20 отсто. Ваквиот неверојатен ефект врз метаболизмот се должи на соединенијата наречени „ изотиоцијанати“, кои ги има во сенфот. Тие ги шират крвните садови и го зголемуваат нивото на хормонот ефедрин, одговорен за согорување  на мастите.

Сенфот претставува природен лек против воспаленија во мускулите, болки и рак. Тој заради својот горчелив вкус ги шири дишните патишта, а делува и како локален анестетик. Ако сте се изгореле, одлично би било да се намачкате со дебел слој сенф, по што болките ќе се намалат, како и непријатното црвенило.Овој зачин, исто така ќе ви помогне и да ги опуштите мускулите, кои ве болат од претераното вежбање.

loading...
Сподели