Ленот е едногодишна или двегодишна зелјеста билка. Коренот е краток слабо разгранет, вретенест. Стеблата поединечни и тенки. Листовите се нисколанцентни или линеарни. Цветовите се собрани на врв на стеблото,често поединечни на долги дршки.

Ленот цвета од јуни до август. Плодот е топчеста чаура со 10 темни семиња.

Расте најчесто во планинските региони на ливади..За индустриски потреби се користи култивирана билка.

Широко се уpoтребува и семето и маслото од лен.

Семето од ленот е лаксатив и аналгетик.

  • Ленот е одлично средство за празнење на цревата и перисталтика токму поради содржината на слузести материи и целулоза.
  • Ги штити нервните завршетоци во цревата од разорување,па се користи како противвоспалително средство кај гастртис и ентероколитис.
  • Jа  смирува болката, ја намалува апсорпцијата на токсини и ја забрзува регенерацијата на слузокожата.
  • Надворешно се користи за лекување на фуринкули,чиреви на кожата и сл. Чај од оваа билка ретко се користи освен во смеси.

Лененото масло го подобрува имунитетот на организмот, а се користи во превенција за артериосклероза и мозочен удар. Меѓутоа, како и кај другите суплементи, и за лененото масло важи правилото дека не треба да се консумира без консултација на лекар!

Лененото масло може да ја успори апсорпцијата на медикаменти кои се консумираат орално, како и на некои хранливи материи, доколку ги земате истовремено.

Кој не смее да консумира ленено масло?

  • Кај пациенти кои патат од дијабетес или шизофренија, можно е пореметување поради кое организмот не е способен да ја конвертира алфа-линоленската киселина во EPA и DHA. За нив најдобро е да земаат омега-3 масни киселини од риба и рибино масло.
  • На лицата кои патат од дегенерација на макулата им се препорачува да консумираат риба и рибино масло за да се снабдат со омега-3 масни киселини, а не ленено масло/семе.
  • Лицата со редовна медикаметозна терапија треба да го консултираат лекарот пред да започнат да консумираат ленено масло. Тоа особено се однесува на антикоагулантите.

ВНИМАНИЕ!

Во применувањето на ленот постојат ограничувања па кај непроодност на цревата и при дијареа не треба да се користи.

Исто така кај предозирање и користење на свеж лен може да се јават мачнини и повраќање поради содржината на цијаноген гликозид.

Доколку немате мачнини и проблеми со дијареа можете да ги применувате следните рецепти:

Ленено семе против опстипација (запек)

Се зема 10 гр мелено ленено семе со јогурт. За подобро дејство се зема заедно со поголема количина течност (2 чаши вода) двапати на ден, пред оброк.

Делува по 12 до 24 часа.

Лекувањето трае 1.5 месец со прекин од две до четири недели и потоа може да се повтори.

Чај од ленено семе

За истата цел против запек се подготвува чај од 1 шолја (шолја од 150мл) ленено семе, кој се прелива со 30 шолји вода,се вари 3-5 мин и по 15 мин се процедува.

Течноста се зема 3 пати на ден по ¼ шолја секогаш половина час пред јадење.

Како помошно средство во лекувањето на псоријаза во текот на денот се земаат по 4-5 лажички ленено брашно.