Сексуална импотенција кај мажите

impotencija-impotentan-erekcija-1328585176-117109Сексуалната импотенција кај мажите претставува проблем кај кој мажот не е способен да ја достигне ерекцијата за да ги задоволи сексуалните потреби.

Импотенцијата се зголемува со текот на годините, се појавува кај 5 % од мажите во 40-тите години, а 60% кај мажите во 70-тите години. Таа се појавува и кај помлади мажи кај кои психолошките фактори имаат пресудна улога.

Еден од најголемите психолошки фатори е очекувањето кое мажот го има за спротивниот пол. Кога ќе се соочи со овој проблем доаѓа до емоционална раздразливост така наречена депресија, се сомнева во својата машкост и доаѓа до поголем проблем неодржување и избегнување на првобитниот проблем.

skrbiВажен фактор кој допринесува појава на импотенција е и самата совршена слика која ја има замислено за сексуалниот чин. Доколку тој на сексот приоѓа со идеја да ја демонстрира неговата совршеност и дека е застрашувачки, доколку не успее во тоа тогаш импотенцијата е загарантиран проблем.

За оваа проблематика најсоодветно е консултација со медицинско лице. Тој треба да ја одреди терапијата која што е најсоодветна за пациентот. Неговата обврска е да го информира пациентот за дадените ефекти од користење на даденото средство, како и за условите кои се потребни за добивање на саканиот ефект.

Advertisement