Ќе бидете презадоволни од овој крем за нега на кожата и за масажа. Пробајте и сами забележете би придобивките од кремот!

Состојки:

  • 50 г свеж магдонос
  • 120 мл маслиново масло
  • 10 г пчелин восок

Припрема:

Најдобро е да користите домашен магдонос кој при одгледувањето не бил третиран со хемикалии. Исто така, доколку немате домашно маслиново масло тогаш купете некое квалитетно, ладно цедено.

За оваа количина потребно ви е околу 10 г пчелин восок или околу 6 чајни лажички ситно мелен восок.

Маслото на тивок оган се загрева и во него се пропржува магдоносот. Се меша постојано околу половина час и цело време се истискува сокот од листовите.

После половина час би требало да потемне.

Потоа смесата се прелива во мала стаклена тегличка, се затвора и се остава на топло место околу 2-3 дена. Ако ја правите зимно време, ставете ја на радијатор.

Може да додадете етерично масло од лаванда на крајот во кремот, доколку не ви се допаѓа мирисот.

После три дена мешавината се загрева, а потоа се процедува низ стерилна газа, а маслото се истиснува од магдоносот до крај.

Повотрно се загрева процеденото масло и се додава пчелиниот восок, околу една минута додека да се растопи.

Кремот може да послужи и за масажа, па во тој случај се додаваат некои масла кои се наменети за тоа.

Со масажата се подобрува циркулацијата, па затоа секогаш е подобро малку да се измасирате кога ќе го нанесувате кремот.

Особено е добро така да ги масирате нозете (не ги притискајте вените) со движења од стапалата нагоре кон колената и бутовите. Голем број жени имаат видливи капилари, особено се почести кај оние со целулит.

Кремот од магдонос всушност е повеќенаменски крем ако едноставно ги помешате сите состојки во еден крем. Наведените состојки се основата, а вие понатаму можете да додавате други состојки и масла според потребите.