Се расцвета бизнисот со оригано во Македонија – запечалете 3.000 евра по хектар!

hazihamza kujtimВеќе шест месеци во земјава цвета бизнисот со ориганото, а на терен можат да се забележат активностите на кооперантите кои веќе почнале да се занимаваат со производство на оваа билка. Во повеќе градови низ Македонија се засадени по неколку хектари оригано, што на дело ја покажува големата заинтересираност на граѓаните. На терен веќево полн ек се подготовките за новата седиба на ориганото.

Македонската земјоделска задруга Тока во Турција, веќе неколку години ја произведуваат оваа билка и успешно го имаат разработено бизнисот со продажба на оргиганото на странските пазари. Во моментот имаат дури 2.540 кооперанти.

-Идејата за производство на ориганото започна пред 24 во Турција. Таму на почетокот ние овој вид на оригано (ориганум онитес) го собиравме по планините во Турција. Потоа поради големата побарувачка на светскиот пазар, одлучивме да почнеме со негово култивирање. Почнавме со 40 хектари, за шест години успеавме да засадиме 6.000 хекатри со 2.540 кооперанти – објаснува Кујтим Хаџи- Хамза, директор на земјоделската задруга “Тока”.

Тој додава дека годишно, нивната фирма извезува  1.800 тони сува материја, а целокупното производство оди за Америка и Европа. Пред четири години одлучил да спроведе испитувања за производство на ориганото на македонска почва. Неколкуте истражувања во различни региони и на различни почви се покажале успешни. Така одлучил бизнисот со оригано, Хаџи- Хамза да го прошири и во Македонија.

-Нашите планови се оваа култура да се прошири во руралните средини низ цела Македонија, а финалниот производ да се брендира и како таков да се продава на светските пазари. Луѓето во Македонија се веќе запознаени со производството на оригано, но потребно е да се едуцираат, оти секој бизнис си е специфичен –  објаснува Хаџи- Хамза

 Како се сади?

Ориганото се сади наесен. При садење доволно е едно полевање, за да се зафати ориганото, потоа нема дополнителни инвестиции. Веќе следната пролет ориганото потерува и следните седум години има само берба. Оваа билка е доста издржлива на ниски температури. Успева на ниви со послаб квалитет и на секоја надморска височна. Доволно е нивите да се богати со калциум за да се одржува влагата. Отпорна е на болести, не бара заштитни средства и ѓубрива, нема потреба од системи за наводнување.

Тоа што ја прави привлечна за производство е што во текот на годината има само 20 дена годишно работа на нивата. Особено е атрактивна за руралните средини. Без проблем се вадат две берби, со по три тона од хектар суво оригано. Ориганото е медитеранска билка, но македонските климатски услови совршено и одговараат.

– Ние предлагаме да се почне со 80.000 садници. Ориганото се сади рачно на мали површини и машински на поголеми површини. Помеѓу две садници треба да има растојание 25 санитиметри, а меѓу два реда 40 сантиметри. Садникот чини 1,25 денари и ние го произведуваме, вели Хаџи- Хамза.

 Колку чини инвестицијата, а колкав е профитот?

Вкупната инвестиција за еден хектар со оригано, за 80.000 садници  изнесува 2.000 евра. Од нив 1.500 евра се садници, а 500 евра за садење и копање.

– Парите се враќаат уште првата година, а носи приход од 3.000 евра од хектар. Од втората па до седмата година, годишните трошоци се најмногу  500 евра за копање, одржување, па чистата заработка е 2.500 од хектар. Ние за 1 килограм на нашите кооперанти им плаќаме 1 евро. Со склучување на договор, еден наш кооперант од еден хектар заработува и до 3.000 евра – вели Хаџи- Хамза

 Оригано – билка со огромен потенцијал

Ориганото е лековито, ароматично и зачинско растение. Поради широкиот спектар на употреба, пазарот со оригано последниве години  доживеа експанзија.  Побарувачката е голема, затоа и има загарнитиран пласман за неограничени количини. Од друга страна голема поволност за земјоделците е што можат да го засадат на ниви кои до тогаш за друга култура и не можеле да ги искористат, особено ридско планинските делови. Во себе крие потенцијал за подигање на големи плантажи. Ориганото особено се бара во сува форма како зачин во кулинарството. Но, сепак најбарано е маслото од оригано. Ориганото има широка примена во медицината и козметиката. Оваа билка е добар седатив, антисептик, има антибактериски својства, дигестивни и многу други , корисни во медицината. Доминантен производител на оригано во светот е Труција.

Advertisement