Салатите во ќеси се легло на бактерии

spakovana salataСалатите од продавниците и од супермаркетите што се претходно измиени, сепак, не се толку чисти како што мислиме. Во нив се пронајдени високи нивоа на бактерии, кои обично се поврзуваат со лошите санитетски услови и со фекалните загадувања.

Количеството на бактерии  означува голема веројатност за контаминација со ретки и можни смртоносни патогени, како што се Ешерихија коли и салмонела, тврдат лекарите. За да се стави ова сознание во контекст на реалните случувања, експертите ја споменуваат епидемијата со Е-коли во 2006 година, која почнала со спакуван спанаќ, а завршила со неколку смртни случаи.

Истражувачите тестирале 300 паковани салати од 16 различни брендови за храна, кои биле продавани во кеси или во пластични кутии. Утврдено е дека 40 отсто од салатите содржеле повеќе од 10000 колиформни бактерии по грам (бактерии кои живеат во дебелото црево), а 23 отсто содржале над 15000 единки на ентерококус бактеријата кои создаваат колонии. Овие нивоа  не се прифатливи, со оглед на тоа дека некои пакувања содржеле повеќе од милион бактерии по грам.

Експертите советуваат доколку купувате ваков вид на зеленчук, особено салати, одбирајте ги тие чиј рок на траење истекува за најмалку пет дена, а сите салати што се декларирани како  „ претходно измиени“ мораат повторно да се измијат.

Scroll To Top