Традиционалната медицина уште еднаш докажува колку е моќна. Овој народен лек многу брзо ќе ги ублажи симптомите на алергија и ќе ви донесе олеснување.

Пролет, сезона на која скоро сите со нетрпение чекаат, но за некои тоа значи уште една сезона на справување со алергии. За среќа, природните лекови имаат моќ да стават крај на овие проблеми.

Кивање, чешање, црвенило и течење на носот се само некои од непријатните симптоми на алергија на полен. Тие често се придружени со загушување на дишните патишта, притисок на синусите, раздразлива кашлица и гребење на грлото.

Моќната коприва ги елиминира тегобите

Оваа медицинска билка се користи со векови во фитотерапијата. Лисјата од коприва, меѓу другото, содржат природни блокатори кои го спречуваат производството на хистамин. Поради оваа причина, тие имаат поволен ефект врз проблемите предизвикани од алергиски реакции.

Најдобар начин да ги искористите сите придобивки и бројните лековити својства е да користите коприва на следниов начин:

  • Неколку свежи лисја коприва додадете ги во 250 ml врела вода и оставете да отстои 30 минути, а потоа прецедете.
  • Овој пијалок се пие 3 пати на ден.

Друга опција е освен како пијалок, може да се користи и за инхалација.

Третата опција вклучува употреба на екстракт т.е. тинктура од коприва:

  • 20 до 30 капки екстракт од коприва помешајте ги во вода или природен сок.
  • Пијте го овој пијалок за превенција еднаш дневно, а за ублажување на постојните проблемки консумирајте три пати на ден.

Покрај копривата, сокот од боздел и чајот од ѓумбир исто така се покажале како ефикасни решенија во борбата против алергијата на полен. Редовната примена значително ќе ги ублажи проблемите.