Лицата кои во детството биле сведоци на семејно насилство, многу често се соочуваат со ментални нарушувања  во здравјето, велат истражувачите кои проучувале 3023 возрасни лица во Париз. Студијата опфаќала проучување на моменталната депресија кај испитаниците, како и нивните искуства со насилството брз сопствените деца, емотивниот партнер и зависност од алкохол. Овие податоци се наведени во извештајот , кој беше неодамна објавен во рамките на Списанието за Епидемиологија и Јавно здравство.

kavgi vo semejstvoВеројатноста од појавата на таков вид насилство била за осум пати поголема помеѓу родители алкохоличари и во семејства кои се соочувале со финансиски проблеми, проблеми во домаќинството, невработеност или кога родителите страдале од некои сериозни болести, изјавуваат тие.

Истражувачите заклучија дека лицата кои биле сведоци на насилство помеѓу родителите, имале 1.4 пати поголем ризик од добивање на депресија, за повеќе од три пати кај нив била зголемена веројатноста дека и самите ќе станат насилни кон емотивниот партнер, речиси за пет пати повеќе дека ќе ги запоставуваат сопствените деца и за 1.75 пати повеќе ќе станат зависни од алкохолот.
Експертите апелираат на заштита на децата во тензичните периоди во семејството. Родителите треба да внимаваат на начинот на кој ги разрешуваат меѓусебните недоразбирања. Повишениот тон и навредливите зборови можат да остават длабоки лузни на детската психа. Доколку родителите забележат дека не успеваат преку разговор и на конструктивен начин да ги надминат проблемите, треба да се обратат до стручно лице, чии совети ќе помогнат настанатите проблеми да не се претворат во насилство.