Родителски стрес

roditelski stresДенес стресот е придружник во секојдневието на сите нас, било да е во прашање стресот на работа, стрес заради промена во животот…, но и стрес заради родителската улога или т.н. родителски стрес.
Родителството освен што преставува позитивно искуство, е и период обележан со конфликти, несигурност, неодлучност и паѓање на задоволството во други области на животот .Стресот на родителската улога, иако како и другите стресови спаѓа во состојби кои ги оценувате како претешки, како можен губиток, но и како предизвик, сепак од сите нив квалитетно се разликува. Родителството е многу постресно за оние родители кои имаат помалку знаење, кои себе си се доживуваат како помалку компетентни за родителската улога, во животот имаат помала емотивна и практична подршка, но и кога детето има одредени здраствени потешкотиии или потешкотии во однесувањето. Така, родителскиот стрес може да се опише како вознемирувачко чувство спрема себе си и детето, а таквата вознемиреност и непријатност родителот, дирекно ги препишува на барањата на родителството кои пред него се поставуваат.

„Нормален родителски стрес“може да се јави кај многумина, затоа што повеќето од родителите се соочуваат со секојдневни тешкотии врзани со родителство. Сепак, иако ова е секојдневна ситуација, важно е неа да не ја намалите, затоа што и таа може да биде важна за да побарате стручна помош, затоа што кога родителот добива помош, индирекно добива и самото дете.
Што создава родителски стрес? Кои се неговите извори?

1. Стрес поврзан со карактеристики на детето: неговите барања, здравје, адаптираност, неговите неисполнети очекувања;

2.Стрес кој ја следи интеракцијата родител-дете: врзаноста за детето, неговото дисциплинирање, комуникацијата со детето, некомпетенцијата.

3.Стрес кој се однесува на карактеристиките на родителот и неговата социјална мрежа: односите со партнерот, недостаток на подршка, ограничена родителска улога, материјална ситуација.

Третман. Често родителите бараат стручна помош заради потешкотиите кои ги воочуваат кај своето дете, за да во тек на психолошкото советување и сами согледаат како и нив им е потребна помош заради нивната вознемиреност. Она што му помага на родителот кој е под стрес е грижата за себе, да научи да се грижи за своите потреби, за да може да ги открие сопствени начини за соочување со стресот (да ја активира својата креативност, да ги изрази чувствата, да примени опуштање и релаксација, да се присети на своите ефикасни начини за носење со стрес кои веќе ги има, а на кои заборавил…). Со стручна помош може подобро да се разбере како самиот себе така и детето во различните периоди на растење, (со што ќе се намалат неефективните начини на решавање на конфликтите). На родителот кој е под стрес му треба време, подршка, трпение и чувство дека другите го разбираат и сакаат да му помогнат. Од таму ако сте во ситуација на изразит родителски стрес, побарајте стручна психолошка помош. Така со ваква помош ќе можете повторно да ги процените различните родителски состојби, да ги видите на еден поинаков начин, а со тоа да воспоставите и поголема контрола над нив. А со тоа ќе стекнете и поголема самодоверба во родителската улога.

Извор: Психолошко советувалиште Тајна
Advertisement