Eве неколку рецепти кои можат да помогнат околу вашето здравје. Сите знаеме дека билките не се штетни и дека можат да се користат во секое време, се разбира доколку не сте алергични на нив.

За бронхит
Тегавец, широколисна коприва, ореви, мед, шекер и едно литро вода.
– 1 литар вода
– 50 гр тегавец
– 20 гр коприва
– 5 ореви(оревите откако ќе се скршат се ставаат со се лушпа).

Сите заедно се варат 30 минути. Потоа се процедува, се става 500 гр мед и 200 гр шеќер, повторно се става на оган и се преврива. Ова се пие 3 пати на ден по една супена лажица пред јадење.

За плодност
– 40 смокви(суви) се ставаат во пола литро ладно цедено масло и стои 40 дена. После 40 дена секое сабајле се јаде по една смоква, ако можете, може и да пиете од маслото.

Вртоглавица
1 лажичка босилок, 1 мала лажичка рузмарин се попарува со 250 мл вриена вода и стои 20 до 30 минути. Се пие 2-3 пати дневно.

Циркулација
1 лажичка босилок, 1 лажичка рузмарин и 1 лажичка глог се прелива со 250 мл вода и стои 15 минути.

За сува и оштетена коса
Коприва, 1 жолчка од јајце и 1 мајонез се става на косата и стои 30 минути.

За лице
Коприва, лимон и мед. Се мачка лицето и стои 10 до 15 мин се измива со вода

Advertisement