krema za peti

Дали сакате вашите стапала да бидат негувани и привлечни? Ништо нема поедноставно од тоа. Ниедна крема, купена за нега на пети, неможе да и парира на домашната крема, која се прави за 5 минути, во домашни услови. Се што ви е потребно,  тоа е маст од невен, која можете да ја купите во аптека или пак да ја направите дома сами. Рецептот за правење крема од невен,  го има на нашиот портал, во рубриката „бабин лек “. Уште ви е потребно и витамин А , кој исто така можете да го најдете во нашите аптеки.

РЕЦЕПТ 

Во еден сад измешајте 20 грама маст од невен и 10 мл витамин А  во однос 2 : 1. И кремата е готова. Се префрла во стаклена тегличка и се чува во фрижидер.

Ако вашите пети се многу запуштени, тогаш кремата можете да ја ставите вечер пред спиење, за поубаво да делува. Претходно, вашите пети добро исчистете ги со турпија. Кремата така употребувајте ја едно, 2 недели. Оваа крема е многу добра и за лицата кои имаат  нокти, влезени во месото.

Сподели