Во пресрет на големите Велигденски пости, ви подготвивме уште еден рецепт. Погледнете како да направите вкусни посни кифли.

Состојки:

  • 1кг. брашно
  • 1/2л. минерална газирана вода
  • 1 квасец
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажички сол
  • 1 лажица вински оцет
  • 10 лажици зејтин
  • 1 маргарин (посен)
  • 100 гр. сусам
  • 1-2 лажици посен сенф

Подготовка:

Квасецот се меша со малку шеќер, малку брашно и малку минерална газирана вода, а потоа се остава да стаса.

Во вангла се ставаат брашното и останатите состојки, потоа се истура квасецот и убаво се меси тестото. Потоа се прават мали топчиња и се редат на подмачкана подлога со зејтин. Кога ќе се направат топчињата, одозгора се премачкуваат со зејтин за да не фатат кора.

Се прават кифли и се редат во плех претходно премачкан со маргарин. Кога ќе стасаат
кифлите се премачкуваат со сенфот ( сенфот се меша со малку вода и неколку капки зејтин) и одозгора се става сусам па потоа по едно парче маргарин на секија кифла.
Се печат во претходно загреана рерна на 220 степени. Кога ќе се испечат се вадат од рерна и се покриваат со крпа. – Убав апетит.

loading...
Сподели