srce

Под болести на срцето се подразбираат повеќе различни пореметувања и заболувањa. За нивнoто успешно лекување неопходно е познавање на симптомите и начинот на лекувањето. Точната дијагноза ја воспоставува специјалист- кардиолог. Исто така, тој го одредува  начинот на лекувањето, а под негова контрола мора да биде и употребата на билки. Ние овој пат ќе пишуваме за рецепти за јакнење на срцето, но вие пред да почнете да го пиете лекот сепак треба да се консултирате со вашиот лекар.

РЕЦЕПТ:

1. Земете по 4 лажици листови од рузмарин, маточина и валеријана и две лажици листови од роза. Добро промешајте и една лажица од таа мешавина прелијте ја со 300 грама врела вода. Пијте трипати на ден по една шолја, после јадење.

2. Земете две лажици рузмарин, ставете во литар вода и варете додека не изврие до половина, а потоа  процедете. Потоа додадете 250гр. шеќер и два излупени лимони исечени на кришки, па варете уште половина час. Кога ќе се олади ставете во шишиња и добро затворете. Се зема три пати на ден, по една лажичка.