Рецепт за чистење на солите на мочната киселина од зглобови или Гихт

SOLI VOMOKRACA

Гихтот е метаболно заболување кое се манифестира со појава на акутен артритис со рецидиви, појава на тофи, и кај нелекуваните болни – појава на хронична уратна артропатија. Болеста е последица на таложење на кристали од мононатриум-урат. Исто така е присутна и хиперуратемија и хиперурикемија. Во поединечни случаеви настануваат и бубрежни каменчиња или таложење на урати во медулата на бубрегот.

РЕЦЕПТ

Се земаат 25-30 ловорови листа и се варат со 600 мл вода. Откако ќе се сварат, се тргаат од оган и веднаш се става водата во термос и се затвара. Ова вака отстојува од 3 – 8 часа. По ова смесата се цеди, листовите се фрлаат, а водата се пие 3 дена во голтки. Секој ден се прави нова течност. Откако ќе се испие првата доза , се прави пауза од 7 дена и повторно се прави истата течност и пак се пие 3 дена. После ова се прави пауза од 6 месеци. Додека се пие оваа течност од организмот се исфрла многу калиум и затоа треба да се јаде банани, суви кајсии, суви сливи и сите други производи што содржат калиум.  При пиење на овој лек не треба да ве плаши тоа што стално мокрите и лошиот мирис на урината, зошто се ова е нормално.

Scroll To Top