Синусите заболуваат по обична настинка, предизвикуваат главоболка, а посебно е опасно кога ќе се развие гноен процес проследен со температура.

Во тој случај останете дома неколку дена и обидете се со следново:

sinusi– Навечер, инхалации со босилек,

– Два пати дневно ставајте од двете страни на носот кесички со врел песок или врели тврдо варени јајца. Неколу пати во денот ушмркувајте солена вода или чај од камилица( во 100 мл чај од камилица ставете една лажица мед, на врв на ножот сода биркабона и две капки јод), со вкус на морска вода. Пијте и доста чај од липа, лист од малина, црн слез или ајдучка трева.

-Наредниот ден сварете компири со лушпа во тенџере, извадете ги компирите за ручек, а вдишувајте од водата во тенџерето со покриена глава со крпа. Не излегувајте барем два часа на ладно по инхалации и спијте во топла просторија.
Кај хронично воспаление на синусите и долготрајна кијавица се препорачува дплго џвакање на саќе со мед.