Сакате да готвите турски десерти од тиква? Ова е наша препорака : Кабак Татлиси, вкусен маестрален рецепт за турски десерт со тиква.

Кабак Татлиси – За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

СОСТОЈКИ

  • 1 Тиква
  • 500 гр шеќер
  • 1 Прстофат сол
  • 1 Стапче цимет
  • 200 гр Ореви

ПОДГОТОВКА

Излупете ја и исчистете ја тиквата, па исечете ја на крупни парчиња или средни коцки.

Парчињата тиква ставете ги во тавче, наросете шеќер, прстофат сол, додајте го циметот, покријте со капак и оставете да отстои преку ноќ.

Утредента тиквата ќе пушти вода, така што нема да има потреба да додавате вода кога ќе ја готвите.

Додајте ги сечканите ореви и гответе ја тиквата на умерен оган околу 30 минути, односно додека омекне и додека се направи сируп од шеќерот и сокот. Протресувајте го тавчето одвреме навреме за да не загори шеќерот.

Откако тиквата ќе биде готова, оставете да се олади неколку минути и извадете го циметот. Потоа послужете ја со парчиња ореви.

Вака направена можете да ја ставаме во кутија во фрижидер. Пред сервирање, посипете со сецкани ореви.