Жените секогаш сакаат да бидат убави, згодни и сексипилни. Но, не секогаш тоа им оди од рака, а главне проблем е наталожениот целулит. Кога се зборува за борбата против целулитот, сите се убедени дека само диетите го отстрануваат, а разните креми се ветер во магла. Скоро сите жени неколку пати во животот биле опседнати како да се спасат целулитот по телото. Работите одат до таа мера што младите девојки се ставаат на строги диети, се изгладнуваат, а немаат никаков ефект од тоа.

celulit 10

РЕЦЕПТ

Овој рецепт може да биде доста ефикасен доколку употербите свежо мелено кафе, бидејќи содржи повеќе антиоксиданси и кофеин. Направете коктел така што ќе измешате ¼ чаша мелено кафе со 3 лажици топла вода и оставете ја мешавината да поседи 10- тина минути за кафето да ја апсорбира водата и да се формира густа смеса. Потоа додајте две лажици маслиново масло, за да се соединат сите состојки. Ова помага за смесата да може да се размачка на местата со целулит, а секако и да ги омекне.

Сподели