Рецепт против трпнење на рацете

trpnewe na racete

Трпнењето на раката или ногата е многу честа и досадна појава. Многупати се прашувате зошто ви трнат рацете или нозете, што всушност тоа значи, дали имате некаква болест и како да ја спречите оваа нелагодна појава? Во повеќето случаи се појавува кога сте под некој притисок или стрес, ако раката ја држите во неправилна положба или ако нозете ви се подолго време прекрстени. И во двата случаи се работи за безболна појава.

Меѓутоа постојат случаи на хронично трнење на екстремитетите, што може да преставува опасност за вашето здравје. Доколку трнењето е пропратено со симптоми како што се чешање, болка, потеченост и губење на мускулната маса, тоа може да биде знак за оштетен нерв, што се појавува при повреда, потоа бактериски или вирусни инфекции и дијабетес. Сличните оштетувања на нервот се познати и како периферна невропатија бидејќи влијаат на нервите одалечени од мозокот.

Постојат повеќе од 100 различни видови на периферна невропатија, која со тек на времето може да ја влоши здравствената состојба на луѓето, па дури да доведе и до инвалидитет. Многу е важно, на време да се воспостави точна дијагноза, а ако забележите дека екстремитетите ви трнат без некоја причина, тогаш веднаш мора да посетите лекар. Најчести симптоми за оваа таканаречена „болест“ се: дијабетес, синдром на вклештен нерв, системски болести, каде што спаѓаат болест на бубрезите, јетрата, хронични воспаленија, хормонален дисбаланс, како и бенигни и малигни тумори. Потоа големо влијание има недстатокот на витамини, алкохолизам, отрови, инфекции и автоимуни болести. Денеска ќе ви напишаме еден рецепт, за оваа нелагодна појава.

lucerka

Рецепт:

– 2кг прав вистински мед

– 1 литар дестилирана вода

– 250 гр сува детелина од луцерка

Водата и детелината се ставаат да вријат околу еден час на тивок оган. Кога ќе се свари смесата, се процедува и во неа се става медот. Се конзумира трипати на ден по 2 лажички после јадење.

Scroll To Top