Рецепт против реума и болки во зглобовите

маслиново улје и лјути пиперки

Овој рецепт се прави со маслиново масло и лути пиперчиња. Помага при: ширење на капиларите, ја зајакнува циркулацијата во крвта, го зајакнува витаминскиот метаболизам, делува на активирање на регенеративниот процес на кожата и е многу добар лек проти реума и болки во зглобовите. Подготвувањето на ова масло не е тешко.

Ќе ви биде потребно:

1. 10 свежи црвени лути пиперки

2. 2 чаши ладно цедено маслиново масло

3. тегла од 1 литар

Пиперките сомелете ги во машина за мелење месо и ќе добиете околу една чаша ситно измелена смеса. Ставете ги во тегла и прелијте ги со маслиновото масло. Оставете ја смесата на темно место, да отстои 7 дена и потоа процедете ја.

Искористената смеса од пиперки ставете ја во фрижидер и користете ја при додадок на јадења, а црвенкастото масло за триење на кожата. Прво треба да се мачкате неколку пати дневно, каде имате болка во зглобовите или на другите делови на телото.

После нанесувањето на маслото, ќе почувствувате пецкање по кожата, но тоа ќе биде подносливо. Со време можете да го намалувате интензитетот на нанесување на маслото. После месец – два, процедурата можете да ја повторувате еднаш месечно или по потреба, кога имате болки. Маслото чувајте го на темно место.

Scroll To Top