Денеска ќе ви напишеме еден лек против силна кашлица и воспаление на дишните патишта.

Состојки:

  • 1 филџан (150 мл) маслиново масло
  • 1 филџан мед
  • 1 филџан сок од цеден лимон
  • 1 филџан домашна ракија

* мерка 1 филџан од 150мл

Сите состојки убаво се мешаат, по можност со миксер, за да се добие хомогена смеса.

Се пие 5-6 пати во денот и пред секое пиење течноста се промучкува.