Болката во грлото е симптом на воспалена слузница, која може да се појави како последица од инфекција или иритација. Болката и непријатноста во грлото спаѓаат меѓу најчестите симптоми поради кои пациентите се јавуваат кај лекар. Болното грло се јавува како последица на инфекции и иритации, обично трае од три до седум дена, а ако состојбата е хронична и многу подолго, особено кога станува збор за симптом на некоја друга состојба, како што е синусит.
Болното грло е проследено со симптоми како што се: кивање, кашлање, секреција од нос, засипнатост, конјуктивитис, главоболка и слабост. Лекарите истакнуваат дека повеќето случаи на болно грло се предизвикани од вирусни инфекции или механични причини како што е дишењето преку уста. Поради овие причини мора да се јавите на лекар, а паралелно на тоа можете да го лекувате грлото и во домашни услови. Еве еден рецепт  за негово лекување.

bolno grlo

РЕЦЕПТ – во тегла се ставаат крукчиња лимон и ѓумбир и сето тоа се залева со мед. Теглата се затвара и  се става во фрижидер да отстои, се додека не се формира желе.Земете една супена лажица  од желето, ставете во шолја и прелијте со врела вода. Чајот е веднаш готов и пијте така барем по една шолја дневно. Овој лек може да се држи во фрижидер два-три месеци.

Сподели