За љубителите на риба, денес приготвивме еден необичен рецепт.

Состојки:

  • 4-5 парчиња скуша
  • 1 лимон
  • 1 врска копар
  • 1 грутка масло
  • 600 г свежи печурки
  • 50 мл вода
  • 100-150 мл бело вино
  • 3-4 лажици течна или обична павлака
  • сол, црн пипер
  • 1 лажица брашно

Приготвување:

Рибата се чисти добро, се додаваат вкусови како сол и црн пипер однадвор и одвнатре. Потоа наполнете ја со неколку парчиња лимон и копар. Ставете ја рибата да се пече на скара или рерна завиткана во фолија. Во тоа време исечете печурките и омекнете ги во маслото. Додадете го виното, малку водичка и брашното. Мешајте додека сосот се згусне. Потоа тргенете го од топлина, оставете да се излади за 5-7 минути и постепено ставете павлака и копар. Кога рибата е подготвена се сервира во чинија и се прелива со сосот.

Сподели