Медот претставува најсовршениот производ на природата, во него се наоѓаат скоро сите состојки кои го градат човековиот организам.

Нектарот кого пчелите го собираат од цвеќињата е главен извор на глукозата и фруктозата, кои се главните состојки на медот. Познато е дека само една лажица мед дневно, може да ви донесе здравје. Овој здрав продукт може да помогне за многу болести, но посебен ефект има и при искашлувањето.

РЕЦЕПТ:

Земете една главица кромид, со средна големина. Исечете и го само делот кај коренот. Кромидот  засечете го со остар нож надолж и попреку, но не сосема до дното. Така подготвената главица ставете ја во подлабока чинија и полијте ја со две лажици природен мед. Потоа, садот прекријте го со целофан и оставете на собна температура неколку часа.

Подоцна смесата процедете ја преку густа газа. Тоа е доза за еден ден. Земајте по една лажичка од сирупот на секои два часа, може и почесто. Сигурно по кратко време ќе почувствувате дека полесно дишете и набрзо ќе почнете да искашлувате.