Милибродот, или слаткото лепче, е неизоставен дел од празничната, велигденска трпеза. Ако сакате повторно да го доживеете мирисот од детството и да создадете прекрасна, ароматична атмосфера во домот, вреди да го испробате овој рецепт.

Состојки:

  • 20гр свеж квасец(пола коцка)
  • 50мл млеко
  • 50мл јогурт
  • 50мл масло
  • 50гр маргарин
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • околу 500гр брашно
  • 1 јајце
  • за премачкување 1 јајце

Се загрева млекото со квасецот, шеќерот и малку брашно да биде млако кон топло. Се остава да се запени. Јогуртот се мати со јајцето.

Во пластичен сад се става брашното, се додава јогуртот со јајцето, квасецот, ванилата, маслото и се меси меко тесто. Откако убаво ќе се измеси тестото следува следната финта за козињакот да биде богат со конци.

Маргаринот се растопува и се остава да се излади. По малку се додава во тестото месејки, па повторно на рацете, па пак се меси и така додека не се потроши цел маргарин.

Се остава тестото да одмори околу 1-2 часа (бидејки дома е ниту ладно ниту топло моментално јас ја вклучив рерната на 25-30 степени и така покриено со кеса го ставив внатре.

Стасаното тесто нежно се вади на намрсена работна маса се дели на 3 дела од кои се плети плетенка. Се става во намрсен калап, се завиткува во кеса и повторно се врака во рерна на 25-30степени околу 30мин.

Откако убаво стасала плетенката се премачкува со изматено јајце со малку млеко и се наросува кристален шеќер.

Се пече на 180 степени. Откако убаво ќе добие боја се покрива со алуминиумска фолија и се враќа во рерна. Вкупно време на печење околу 40мин.

Испечениот козињак се премачкува со маргарин и се покрива со кујнска крпа.
Изладете и украсете го козињакот по желба.

Пробајте нема да згрешите,сигурно ќе ви се допадне. Рецепт кој сте го барале долго време.