Рецепт: Како во пролет да се спасите од целулитот?

00031397Факт – целулитот е честа појава кај жени со голема конституција? Првото нешто што треба да направите, ако страдате од сличниот проблем, е да се погрижите за дебелото црево и отстранување на токсините преку детоксикација.

Забавената циркулација и неефикасна елиминација на токсините кои се складираат помеѓу клетките е друг фактор кој придонесува за формирање на целулит. Затоа, освен квалитетна детоксикација богата со вода и влакна, овошје и зеленчук, потребно е редовно да се применува сувo четкање на кожата.

За да уживате во уште помека и мазна кожа, ви советуваме редовно да правите ексфолијација на телото, со кафе или шеќер – ванилин .

Еве како можете да си приготвите мелез со арома на ванила: измешајте 1 ½ чаша шеќер, полна лажица со мед, ½ чаша маслиново масло и лажичка ванила екстракт. Прво е препорачливо да го намокрите телото со топла вода околу 5-10 минути, потоа внимателно намачкајте ја кожата со пастата. Исплакнете со топла вода и измијте ја кожата дополнително со гел за туширање, за да ги отстраните сите непотребни остатоци од производот.

Advertisement