Запекот е една од најчестите и многу непријатни тегоби на денешниот човек. Седењето, неправилната исхрана и недоволното пиење на течности се главните три причини од кои граѓаните најмногу страдаат. Тоа може да биде и психички проблем. Ваквиот проблем се однесува на  лица кои се затворени во себе и кои не се поверуваат на друг. Тие се премногу  педантни и многу чуствителни на својата сопственост, па затоа често патат од запек.

zapek

На возрасните лица кои страдаат од овој вид на „заболување“ задолжително им препорачуваме да јадат што почесто компот од суви сливи и смокви, што повеќе овошје и зеленчук, свежа и кисела зелка, леб од цело зрно пченица, а против запекот е добро и лененото семе:

РЕЦЕПТ: Полна супена лажица ленено семе истолчете во аван и прелијте со 2 дцл. топол чај од камилица, потоа оставете да отстои додека да се излачи слузта од семето и одеднаш испијте го.О ние кои патат од хроничен запек можат да пијат два до три  пати на ден, бидејќи лененото семе не предизвикува мрзеливост на цревата.