Невенот е едногодишна билка која има јак мирис и достигнува височина од 50 см. Тој во нашите краеви цвета од почетокот на мај до крајот на септември.

Таа билка е многу корисна и од неа се употребува листот, цветот и неговото стебло. Невенот е добар антиоксиданс  кој има антибиотски својства.

Препаратите кои се на база на невен се користат за лекување на многу болести и тегоби:

  • акни,
  • главоболки,
  • вагинални тегоби,
  • кашлање,
  • неспиење,
  • заболена јетра,
  • опекотини ,
  • отворени рани и за многу други болести.

Овојпат ќе ве запознаеме со рецепт на база на невен, кој се користи за многу кожни болести:

РЕЦЕПТ:

Ќе земете 250 гр. свинска маст, ја ставате на оган да проврие и во маста ставате две раце цвет од невен и тоа заедно врие.

Откако ќе проврие се трга настрана, смесата ја истурате  во кутивче и него го ставате во  обичен фрижидер. Кога ќе се згусне, веќе може и да се користи повеќе пати на ден.

Лекот се става на болното место и се масира. (испробан и  многу ефикасен лек за изгореници и отворени рани).