Глуварчето успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви.

Расте и покрај патиштата и околу населените места. На лицата со нежно здравје им се препорачува салата од свежи, сосема млади листови и корен од глуварче, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Сепак, глуварчето има таква моќ, што може да се користи за лекување.

РЕЦЕПТ:

Рецептот е премногу едноставен. Ќе земете неколку глуварчиња, кои во пролетниот период можете да ги најдете насекаде. Ако имате брадавици на рацете, со млекото што ќе го истискате од глуварчето ќе ги намачкате и ќе оставите да поседат.

По неколку дневно мачкање, тие се повлекуваат.

Сподели