РЕЦЕПТ: Домашна КИНДЕРЛАДА без адитиви: За овој рецепт велат дека е подобар од нутела!

Домашно приготвена индерлада е вкусен и домашно приготвен крем за мачкање.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КИНДЕРЛАДА:

  • 300 г шеќер
  • 300 мл вода
  • 3 ванилин шеќер
  • 250 г путер
  • 500 г млеко во прав
  • 2 лажици какао (или чоколадо)

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЕУРОКРЕМ:

  • 400 г шеќер
  • 300 мл вода
  • 3 ванилин шеќер
  • 250 г путер
  • 500 г млеко во прав
  • 500 г мелени лешници
  • 2 лажици какао (или чоколадо)

ПОСТАПКА:

Шеќерот ставете го во поголем сад и прелијте го со 300 мл врела вода. Малку промешајте па додадете го ванилин шеќерот и исечканиот путер на листови, па добро измешајте со жица за матење додека путерот да се растопи.

Потоа додадете го млекото во прав, па миксајте со миксер околу 5 минути додека да се добие убава смеса без евентуални грутчиња од млекото во прав.

Во половина од смесата додадете 2 лажици какао, па повторно добро промешајте. Наполнете ги теглите или некои садови кои ги имате со капак, па ставете ги во фрижидер.

Постапката за еурокрем е иста, со тоа што додаваме уште 500 г мелени лешници (во целата смеса, а во половина од неа, повторно какао).

Advertisement