Домашен бурек за појадок, кој многу брзо се подготвува. Се што ви е потребно се готови кори и 30 минути!

Изненадете ги вашите најмили со неодоливиот мирис на топол бурек.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 пакување готови тенки кори
  • 150 мл вода
  • 50 мл масло
  • Сол по вкус
  • 500 г сирење

ПОСТАПКА:

Водата, маслото и солта ставете ги на оган и оставете ја смесата да зоврие.

Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор од тепсијата. Премачкајте ги со масло и вода. Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.

Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора.

Печете на 220 степени околу 30 минути.

Кога ќе се испече бурекот превртете го наопаку и исечете го.

Пријатно јадење!