Домашните пишии се одлични за појадок, ужинка или оброк за носење на работа. Пробајте го овој едноставен рецепт, ништо комплицирано, се меси тесто, се сука, пржи и на крај се ужива во прекрасниот вкус.

Состојки:

  • 600 г брашно
  • 400 кисело млеко
  • 1 лажичка сода
  • 1 прашок за пециво
  • 1 супена лажица шеќер
  • 1 супена лажица сол
  • 200 мл масло за пржење

Постапка:

Прво пресејте го брашното. Во подлабок сад ставете го брашно и направете вдлабнатина во средина. Ставете кисело млеко во брашното, сода бикарбона, сол и прашок за пециво.

Промешајте ги состојките и замесете меко и мазно тесто. Оставете го да отстои 20-30 минути.

Откако ќе нарасне со рака откинуваме едно парче од тестото и го оформуваме и ставаме да се пржи во претходно загреан зејтин. Постапката ја повторуваме и со останатото тесто.

Пишиите пржете ги од двете страни по 2-3 минути додека бидат готови во загреано масло.

Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.