Меломакароната се најубавите божиќни колачиња и претставуваат пиедестал во парените колачи.

Исто така на бојата на колачите влијае и маслото, ако ставите маслиново се потемни, ако е обично сончогледово ќе бидат посветли. Оригинално се прават со маслиново масло, но може и обично да користите.

Формата треба да е овална или кружна. Тестото треба да има цврстина да можите лесно да оформите колаче кое нема да се деформира кога ќе го ставите во плехот. Ако е премногу меко тестото, додадете гриз. После првиот пат кога ќе ги правите, секој нареден пат ќе ви бидат се поубави и поубави и ќе го развиете осетот што да додадете или одземете.

Состојки

Тесто

  • 4 чаши брашно (2 оштро и 2 меко)
  • 3-4 лажици гриз
  • 3/4 чаша цеден сок од портокал
  • 1/4 чаша коњак
  • 1,5 чаша маслиново масло
  • 1/3 чаша шеќер
  • 3-4 лажици мед
  • по 1 лажиче цимет, прашок за пециво и сода бикарбона
  • 1/2 лажиче каранфилче или микс за медењаци
  • рендана кора од половина портокал
  • 2-3 лажици толчени ореви
  • 2 чаши шеќер
  • 1,5 чаши вода
  • 1 стапче канела
  • 2-3 лажици мед за полевање и толчени ореви по потреба

Подготовка

Измешајте ги состојките за тестото и замесете тесто колку да се оформи топка.
Оставете го во фрижидер кратко и ставете го шербетот да се приготви. Треба да се згусне убаво скоро како сируп.

Од тестото земајте по 1 лажица и оформувајте бомбици кои потоа малку ќе ги расплескате по должина и по висина. Редете ги на намастен плех или врз хартија за печење. Ќе ви требаат 2 плеха и се добиваат отприлика 40 парчиња.

Испечете ги колачињата на 170-180 степени околу половина час или додека не поруменат.

Топлите колачиња се прелеваат со оладениот шербет, а потоа се нанесува по малку мед одозгора и се наросуват толчени ореви.

Вака припремените колачиња покриени и во фрижидер можат да седат долго време.

Обично овие колачиња се подаруваат за божиќните празници, тие се одличен знак на внимание кон блиските.