Во последно време како во светот, така и кај нас бројот на разводи се повеќе се зголемува, не само кај младите брачни парови ,туку и кај постарите кои имаат подолг брачен статус.

Во некои земји постојат институции, браковите кои се пред развод да можат да ги спасат со совети, меѓутоа ако не може ништо да се смени , тогаш советуваат раздвојувањето да го извршат на мирен и и разумен начин, за да не се одрази  штетно по здравјето и воспитувањето на децата, доколку ги имаат.

Тоа значи дека прекинот на брачните врски не значи прекинување и престанување на задолженијата и обврските кон заедничките деца. По разводот секој од родителите сака да живее сам, но не треба да  заборава дека на децата и понатаму им е потребна љубов, внимание и економска стабилност што ќе ги прави да се чуствуваат сигурни, неосамени, радосни и задоволни, а особено додека не наполнат 6 или 7 год , кога и почнуваат да го осознаваат светот и кога се формира нивниот карактер.

Ако пак дојде до раскинување на брачната заедница кога децата имаат од 7 до 12 години ,тоа ќе се одрази уште пожестоко врз животот на нив, затоа што ги осознаваат и сфаќаат проблемите на своите родители, но не се моќни нешто да преземат и да го спасат бракот. Децата секогаш мислат дека тие се криви за нивниот развод и кај нив едноставно се руши целиот свет, стануваат агресивни, плачливи, незадоволни од животот, а највеќе тоа го покажуваат преку играчките – почнуваат да ги кршат и фрлаат, губат концентрација и стрпливост и не се во можност ништо да сторат, да моделираат, цртаат или да редат коцки. Тие на некој свој начин пробаат да се заштитат од понатамошните болки, па поради тоа не се веќе нежни, ниту отворени.

На поставените прашања не одговараат правејќи се дека не ги слушнале и ништо не ги интересира што се случува околу нив. Ги имитираат родителите во однесувањето, го повишуваат гласот кога нешто бараат се додека желбата не им биде исполнета.Кога ќе пораснат и кога и самите ќе се мажат често ќе бидат неспособни да сакаат и да градат добри односи со партнерот и кругот на разводот се повторува.

 

loading...
Сподели