Сите сме ги слушнале различните гласини за спермата, како на пример дека има подобар вкус ако тој јаде ананас, дека некои жените се алергични на сперма и дека бањањето во топла бања може да ги направи мажите неплодни. Но што од ова е точно? Да нема повеќе заблуси, пред е вас е вистината за течноста која „живот значи“.

Брзо и бесно, од самиот почеток

Првиот момент на ејакулација содржи најголема концентрација на сперматозоиди. Просечниот број на сперматозоиди кои се ејакулираат при една ејакулација кај мажите во Западниот свет изнесува околу 20 до 40 милиони. Не треба да знаете добро математика за да сфатите колкави се шансите една јајце клетка да биде оплодена кога кон неа се движат милиони спремни војничиња.

Живее подолго отколку што мислите

Семената течност вообичаено останува во вашето тело околу 48 часа по секс, но може да остане таму и од пет дена до една недела, во зависност од тоа колку „пријателски“ е расположен вашиот вагинален слуз. Интересно е тоа што вагиналниот слуз ја штити спермата и и помага да остане подолго во телото кога се ближи циклусот на овулација.

Многу секс или мастурбирање нема да го намалат бројот на сперматозоиди

Не грижете се, вашето момче нема ограничен број на спрематозоиди кои ќе ги потроши. Фрекфентното ејакулирање може да го намали волуменот на спремата, но тоа нема да влијае на бројот на сперматозоиди.

Температурата може да го намали бројот на сперматозоидите

Бројот на сперматозоидите може да се менува во зависност од сезоната. Нивниот број има тенденција да биде најмал во топлите летни денови, а највисок во зимските денови. „Прегрејувањето“ може да се случи од се, вклучувајќи тука и држење топол лаптоп на скутот, до очигледното поминување време во топла када. На пример, седење во топла вода со температура од 40 степени целзиусови може драматично да го намали бројот на спрематозоидите. Всушност оваа изложеност на екстремо многу топли температури може да го намали бројот на спрематозоидите и во наредните неколку месеци.

Секако, никако нека не ви паѓа на памет ова како метод за контрацепција! Намалениот број на спрематозоиди не значи дека имате помали шанси да забремените.

Машките и женските сперматозоиди имаат еднакви шанси

Сперматозоидите носат X или Y хромозоми, но нивните шанси да ја оплодат јајце клетката се подеднакви. Гласините дека едниот вид е поотпорен или дека другите пливаат побргу се само уште еден мит.

Не постои доказ дека ананасот го подобрува вкусот

За жал, научниците се уште не го тестирале ова тврдење. Семената течност содржи фруктоза, која и дава на спермата малку сладок вкус, но никогаш не било направено вистинско истражување за поврзаноста помеѓу она што го јаде мажот и вкусот на неговата семена течност. Сепак, оваа гласина е толку широко распространета, па ако навистина сакате да дознаете можете самите да си направите истражување. Ако функционира, нека навали на ананасот.

Алергија на спрема е многу, многу ретка појава

Сите сме чуле дека жена може да биде алергична спермата на својот партнер, а симптомите наводно се појава на црвенило или воспаление, но вистината е дека шансите за ваква алергија се многу мали.

Ваквите симптоми најчесто водат кон друг проблем, како на пример вагинална инфекција. Досега има еден познат случај за појава на ваква алергија, за која подоцна се покажало дека жената всушност била алергична на јатките кои претходно ги конзумирал нејзниот партнер, а чиј состав влијаел на составот на спермата. Сепак, дури и да се констатира ваква алергија, носењето кондом може да ја спречи иритацијата.

Спрематозоидите имаат напорно патување пред големото финале

На машкото тело му требаат околу два и пол месеци за да се подготви за една просечна ејакулација. Сперматозоидите иницијално се формираат во тестисите, а потоа се придвижуваат кон семениците. Од таму целосно формираните сперматозоиди патуваат низ семеноводите и поминуваат низ семениот меур каде се мешаат со флуидот за да формираат семена течност. На крај, простата го додава последниот флуид пред ејакулацијата.

Здравјето на мажот влијае на семената течност

Спермата е во подобра состојба кај мажи кои имаат помалку од 40 години. Таа е дефинитивно поздрава и кај мажите кои избегнуваат пушење, масти и различни тоскини од околината.

Advertisement