Студијата објавена во Cancer Prevention Research го потврдила позитивното влијание на лукот како превенцијата и намалувањето на ризикот од белодробен карцином, еден од најчестите причини за смртност кај мажите и жените.

Истражувањето спроведено над 6000 испитаници во Кина во периодот од 2003 до 2010 година се темели на податоци собрани преку интервју со испитаниците кои ги обрзложиле своите прехрамбени навики вклучувајќи конзумација на лук и доколку се пушачи.

Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците кои конзумирале лук, два или повеќе пати седмично имале намален ризик од карцином на белите дробови за 44%, додека ризикот кај пушачите бил намален за околу 30%.

Авторите истакнуваат дека редовната конзумација на лук претставува докажано превенција од белодробен карцином.

loading...
Сподели