cekori na deteto

Првите обиди на децата да проодат се случува во седмиот месец од животот.Тогаш детето почнува да се интересира за околината, да истражува и да ги прави првите чекори, кои постепено ќе го однесат во светот на возрасните.Набргу почнуваат да лазат, а крајната цел е проодувањето. Еве неколку совети, како да му помогнете на вашето дете полесно да прооди.Со самото растење децата почнуваат да истражуваат се околу себе.Тие уживаат во детската љубопитност, се трудат да застанат на нозе, да се почуствуваат сигурни. Па секој обид значи чекор напред.

Лазење

Најчесто, децата започнуваат со лазење набргу откако ќе успеат самостојно да седнат. Кај некои, тоа се случува нешто подоцна. Сепак, тоа не е никаква причина за грижа. Оставете ги да се развиваат според сопствениот ритам. Обично првичните обиди се случуваат околу осмиот месец, додека успешно започнуваат да лазат некаде околу деветтиот месец.

Поттикнете го движењето

Децата имаат потреба од внимание. Откако ќе ја совладаат вештината на лазење, ќе започнат да ве следат насекаде низ домот. Секогаш кога ќе направи потег во правилната насока, пофалете го. На тој начин ќе го стимулирате неговиот развој.

Оставете го да учи од грешките

Никој не може на детето да му помогне во стекнувањето на координацијата на своето тело. Тоа ќе направи безброј грешки, пред да научи кои се правилните движења. Не го попречувајте овој процес. Колку помалку време му оставате за обидите за лазење, толку повеќе време ќе му биде потребно за да стигне до крајната цел – проодување.

Период на паѓања

Многу едноставно – за да научи да стои самостојно, детето мора да помине низ периодот на паѓање. Од грешките најубаво се учи, а доколку вие почнете со кревање паника секогаш кога ќе се случи пад, може многу лесно да го обесхрабрите. Она што треба да го направите е да обезбедите околина во која нема да се повреди – заградете простор само за детето, во кој ќе нема остри предмети и по можност мек под. Ниту едно бебе не може да се повреди само од својот пад.

Првиот чекор

Обично децата проодуваат полека околу првиот роденден. Првите чекори се прават со помош од возрасните, а првите самостојни чекори можат да се очекуваат многу бргу потоа. Но, запомнете дека во никој случај не смеете да го форсирате детето доколку не е подготвено.

Периодот на проодување е индивидуален и малото доцнење не мора да значи дека нешто не е во ред. Од друга страна, доколку со сила го терате да оди, тоа ќе паѓа многу повеќе и на тој начин може да развие страв од паѓање, што пак ќе доведе до претпазливост и забавен развој.
Во периодот околу првите самостојни чекори, детето ќе се соочи со фрустрации. Ќе ја губи рамнотежата многу често и ќе се лути, па ќе се откажува и ќе продолжува со лазење.

Вам ви останува да го охрабрувате, затоа што се работи за фаза која мора да се помине, но за среќа трае многу кусо. Потоа следува најсреќниот момент за родителите – кога детето ќе ја преоди собата и ќе им дојде во отворените прегратки.

loading...
Сподели