Први симптоми за болест на вените – обратете внимание на време!

prosireni veni10
Проширените вени им задаваат главоболки на милиони луѓе, особено на жените и тоа најповеќе во летниот период поради високите температури. Со превенција, не можат да се отстранат сите главни причини кои се основа на ова заболување, како што се генетските предиспозиции. Секако превентивните мерки не треба да се спроведуваат одвреме навреме, туку константно, бидејќи тоа е единствениот начин да се сочува здравјето на нозете. Други ризик фактори кои можат да влијаат на функционалните нарушувања на вените се недостаток на вежби, дебелина, премногу седење или стоење, старост и бременост.

Првите симптоми кои  укажуваат на венска болест се: оток, тежина и грчеви во нозете, трнење, болка и притисок, проширени вени и чирови на нозете .

Проширени вени – што да направите?

Постојат многу третмани кои можат да се користат за венски заболувања. Уште при првите знаци на можна венска болест, веднаш треба да побарате медицинска помош. Во многу случаи, лекарот ќе ви препише еластични чорапи. Тоа се специјално дизајнирани чорапи, кои помагаат полесно да се одржува функцијата на вените. Ако болеста напреднува, тогаш мора да направите хируршка интервенција. Поновите методи за лекување на проширени вени се со ласерски третман.

Можете, исто така да користите таблети кои  ќе ги зајакнат ѕидовите на вашите вени. Лековите можат да се најдат во форма на таблети, капсули или масти. Други превентивни мерки за венска болест се редовни вежби, здрава храна, ладен туш , одржување на нормална телесна тежина и удобни чевли.

Advertisement