goltawe na nekoj predmet

Секоја мајка веројатно го доживеала тој ужасен момент кога детето се засркнало со некое поголемо парченце од јадењето или со некој друг предмет . Таа ноќна мора сигурно  ја доживеале повеќе од вас и затоа прво и основно што да направите во тој момент, е да се воздржите од паника , за да можете во тој момент да реагирате правилно. Сепак, можеби некогаш ќе биде потребно вие да му помогнете на вашето дете. Во истиот миг се случува детето да се засркне или храната да отиде во дишниот канал. Во тој случај нема време за чекање ,бидејќи детскиот мозок без воздух може да издржи само 3 до 5 минути, а  итната помош може да се задржи и  ова нека биде една голема причина   за секој член на семејството да знае како да му помогне на детето во ваква ситуација.
Прва помош

Легнете го детето на стомак преку колената така што главата и горниот дел од грбот да му висат надоле и со неколку контролирани, не премногу силни движења на дланката удрете го по горниот дел од грбот. Нема потреба од страв дека ќе го повредите детето, бидејќи неговите коски се еластични. Ваквиот начин би требало да му помогне на детето да го исфрли надвор проголтаниот залак или предмет. Ако ова не успее, тогаш треба да се обидете со Heimlichov зафат.

Heimlichov зафат за деца кои имаат помалку од една година

Овој зафат се однесува за бебе кое има помалку од една година и се изведува така што бебето се легнува на грб и се врши притисок на точката непосредно под градната коска неколку пати. Ако ова не успее, можете повторно да се обидете да ја изведете првата метода кога детето е на вашите колена со главата надоле.

Heimlichov зафат кај деца постари од една година

Овој зафат се  спроведува како и кај старите. Застанете му на детето позади грб, опфатето го преку рацете и вршете неколку нагли притискања на горниот дел од стомакот. При тоа детето ќе го исфрли воздухот од плуќата, а со тоа и страното тело.

 

loading...
Сподели