Прокељот, голем борец против ракот

prokelj

Прокељот  е зеленчук од фамилијата на зелките . По својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка. Прокељот е двогодишна билка со атрактивен изглед, со листови формирани во т.н. пупови, кои личат на зелени топчиња. Прокељот потекнува од ладните делови на северна Европа. Во текот на 16-от век бил омилен зеленчук во Белгија, а во 18-от век почнал да се одгледува и во Шведска. Се претпоставува дека во САД е пренесен од Франција.

Во нашата земја, прокељот е скоро непознат зеленчук. Тој се одгледува во многу мали количини и ретко се наоѓа на пазарите.

Во исхраната е најквалитетен по првите мразеви, кога го губи горкиот вкус, затоа што во пуповите се зголемува содржината на шеќер и до 100%. Содржината на сумпорот во прокељот бара во текот на готвењето да се отклопи садот, како би испариле новонастанатите сумпорни соединенија. Највеќе се употребува свеж како салата, или сварен во солена вода или на пареа, кисел (слично на киселиот купус) и динстан.

Прокељот има висока енергетска нутритивна вредност и непријатен мирис, кој може да се отстрани ако во водата во која се вари се додаде една лажичка млеко, советуваат нутриционистите.

Прокељот се приготвува на различни начини. Се вари кратко време (5 до 7 минути), бидејќи тогаш вкусот и мирисот се попријатни. Може да се јаде свеж, со разни преливи, на пример со павлака, маслиново масло, лимонов сок и друго. Исто така, сварениот прокељ може да се стави и во тесто (погусто од она за палачинки) и да се испржи.

Зачини кои одат со прокељот се: босилок, ким, мајчина душица, кари, лук, копар.

Лицата со осетлив желудник и црева би требало умерено да консумираат прокељ, бидејќи тој содржи поголема количина на сумпор и треба во текот на готвењето да го отклопат садот, како би испариле новонастанатите сумпорни соединенија.

Advertisement