zapceВо периодот кога на децата им растат забите, честопати се смета ека е вообичаена појава на вознемиреност, плачење, благо покачена температура како и редок измет. Подобро е овие симптоми да не се поврзуваат со никнување на запчињата, а педијатарот да биде тој што најпрво ќе ги исклучи сите посериозни заболувања.

Останатите симптоми – грчеви, секрет од носот, осипување на телото не треба да се поврзуваат со никнување на запчињата и на тој начин да се одложува прегледот, бидејќи кај многу болести времето е пресудно за успешно и брзо лекување. Зголеменото лачење на плунка може да предизвика осипување околу усните, што може да биде погодно место за инфекции. Се препорачува да се ставаат неутрални, природни кремови или масла кои најчесто се користат и за кожата на малиот задник.

Потребно е во периодот кога бебето спие, под неговото главче да се стави памучна или фротирна ткаенина ( што треба постојано да се менува), за главчето секогаш да биде суво. Чувствителноста на слузницата на местото каде што никнуваат запчињата се манифестира преку зачестеното допирање или грицкање на се што ќе дофати детето. За неутрализирање на болката се препорачуваат играчки – глодалки, бисквити за никнување на запчињата или едноставна масажа.