Природни рецепти од тиква

recepti od tikvaТиквата е едногодишно растение, кое води потекло од Централна Америка. Таа уште е позната и како симбол за регенерација и долговечност. Тиквата е шампион по содржина на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По содржината на каротин таа е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. Најголема предност и е, што е малку калорична.  Едно од лековитите својства на тиквата  е што  делува диуретично и од таа причина,  се препорачува како добар природен лек против гихт, воспалување на бубрезите и воспалување на мочните канали. Денеска ќе ви напишаме неколку рецепти од тиква, кои се многу корисни за вашето здравје:

– Против запек

Најдобра е, кога е припремена како компот и  се пие на празен желудник.

– Против псоријаза

Лицата оболени од оваа болест, треба секојдневно да јадат варена или печена тиква.

– Против чирови на кожата

Исечете ја тиквата на тенки парчиња и ставете ја на чировите. Постапката повторувајте ја додека тие не созреат.

– За преморени нозе и проширени вени

Направете каша од тиква и ставете облоги на болните места.

– Против бактерии

Ќе земете 300 гр семки од тиква, 50-6- грама вода и 10-15 гр мед. Во аван почнете да ги толчите семките и постепено додадете 10-15 капки вода. На крајот ставете го медот. Оваа каша треба да се изеде во текот на еден час, а после 2-3 часа да се земе некое средство за прочистување, на пример, 30 гр рицинусово масло.

– Против глисти

Истолчете од 60-200 семки од тиква, потоа измешајте ги со шеќер и млеко, направете каша и јадете сабајле и вечер.

 

 

Scroll To Top