Здравиот крвоток е од суштинско значење за здравјето и функцијата на сите органи во организмот, особено за нормална функција на срцето, пишува Лоусенс.

Со цел да се одржи нормалниот проток на крв во организмот, можете да користите природни лекови кои содржат многу минерали и витамини.

Еве два стари природни здрави лекови кои може да ги направите дома за себе!

РЕЦЕПТ 1: Природен лек за анемија – рецепт

Состојки:

  • исушени лисја од коприва
  • исушена ајдучка трева
  • корен од глуварче

Подготовка:

Исушените лисја од растенијата ситно мелете ги, излупете го коренот од глуварче и исечете го на парчиња.

Во 1/2 литар врела вода, истурете една лажица коприва, една лажица ајдучка трева и една лажица корен од глуварче. Промешајте, покријте и оставете да отстои околу половина час.

Пијте чаша со овој лек секој ден за да ви помогнете во борба со анемија.

Рецепт 2: Природен лек за здрав крвоток со само 1 прехранбен производ

Состојки:

  • плод од костен

Подготовка:

Излупете го костенот – ви требаат околу 15 гр кора од костен. Мелете ја кората од костен и ставете ја во 2 литри вода, а потоа гответе на средна температура.

Откако ќе зоврие водата, гответе уште 10 минути. Покријте и оставете да отстои 15 минути. Пијте по една чаша секој ден наутро и навечер.