maska od morkov

Морковите поради големота изобилство на витамин А, се многу добар лек за нега на кожата. Тие помагаат во намалување на лузните, кои како последица останале од акните.

Ќе земете еден морков, ќе го изблендирате, се додека не се добие убава хомогена маса. Бидејќи морковот има голем процент на вода во себе, за да биде смесата погуста, можете да ставите малку брашно за да се згусти.

Со добиената маска намачкајте го лицето, посебно деловите каде имате најголем проблем и оставете да отстои едно десет минути. Потоа лицето измијте го со млака вода. За да има поголем ефект од оваа маска, смесата ставајте ја секојдневно.