Природна домашна маст која успешно ги лекува хемороидите!

Хемороидите се една од најраспространетите заболувања. Според некои статистички податоци од хемороиди боледува 12% од популацијата. Подеднакво се јавуваат и кај мажи и кај жени.

Со рецептите на природната медицина можете да постигнете одлични резултати во лечењето хемороиди (шуљеви). Ви нудиме рецепта на ефикасна домашна маст за лекување на хемороиди, која се подготвува многу брзо, и има помогнато на многу луѓе да се ослободат од оваа непријатна болест.

За подготовка на оваа маст ќе ви биде потребно:

  • 1 супена лажица мед
  • 10 гр иситнет прополис
  • 50 мл било какво масло од билки ( може малсиново )
  • 50 гр квалитетен пчелин восок

Подготовка :

– 1 лажица мед измешајте со 10 гр иситнет прополис. Смесата изгмечете ја со дрвена лажица во стаклен или емајлирн сад, до состојба на хомогена смеса. Пред употреба, прополисот држете го неколку часа во фрижидер, да се стврдне. На тој начин е полесен за иситнување.

-во друг емајлиран сад ставете 50 мл масло од билки додадете 50 гр пчелин восок. Ставете го садот на тивок оган се до зовривање. Кога смесата ќе зоврие, трегнете ја од огнот и оставете да се олади.

– Во разладеното ( 60-70 степени ) масло додадете ја смесата од медот и прополисот и сето тоа добро измешајте го. Вашата домашна крема за хемороиди е готова! Кремата чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер.

Парче од газа натопено со кремот ставајте го во анусот секоја вечер. Оставете го да делува цела ноќ. Наутро извадете го. Или пак можете да направите мали чепчиња од кремата. Пред употреба ставете ги во замрзнувач на дваесетина минути, да се стегнат.

Пред да си легнете ставете од чепчињата во анусот. Процедурата се повторува секоја вечер, до потполно оздравување. Пред секоја постапка добро измијте се. Пред да започнете со самостојно лекување на хемороидите, болеста треба да ви е дијагностицирна од страна на гастроентеролог.

По потврдата на дијагнозата на хемороиди ( важно е малигното заболување на дебелото црево да го исклучите ), Можете да ја третирате болеста со оваа крема или со други природни лекови за лекување на хемороиди.

Advertisement