Природен лек за мрзливи црева

lek za mrzlivi creva

Состојки:
50 дцг суви сливи без семки
50 дцг суви смокви
50 дцг мед
5 дцг лист од сена (билка која ја нема во нашите краеви, но ја има во билните аптеки)

Припрема:
Измелете ги сувите смокви двапати, како и сувите сливи, на кои им е доволно еднаш мелење. Најдобро е да ги мелете во блендер. Листот од сената(да биде ситно смелен) измешајте го со овие состојќи и на сево ова додадете го медот. Оваа смеса  добро се  меша, се става во стаклен сад и се чува во фрижидер.

Употреба:
Се користи еднаш дневно и тоа навечер по една лажица. Овој рецепт е многу вкусен, а организмот после неколку дена користење, ќе ви даде позитивен одговор. При користење на овој лек, добро е и да вежбате.

Scroll To Top