Природен лек со неверојатна моќ: Една лажица секое утро на празен стомак ќе ја ‘избрка’ анемијата за миг

Доколку имате анемија и на секаков начин се трудите да го подобрите нивото на железо во крвта, пробајте природен препарат со коприва и мед.

Анемија или слабокрвност се јавува кога телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца (еритроцити) за да го пренесе кислородот до сите ткива. Хемоглобинот е составен дел на еритроцитите. Затоа, на нашето тело му треба железо за нормално да функционира.

Кога немаме доволно железо во телото, тоа може да предизвика симптоми. Тие на почетокот може да бидат благи и речиси незабележливи, а подоцна да се интензивираат како што се развива анемијата. Тоа може да бидат: замор, недостаток на сила, вртоглавица, ладни раце и нозе, опаѓање на косата, бледа или жолтеникава кожа, неправилно чукање на срцето…

Кај анемичните луѓе, срцето мора да пумпа посилно за да го компензира недостатокот на кислород во крвта, па затоа се присутни проблеми со брзото или неправилно чукање на срцето.

Што може да помогне при анемија?
Покрај суплементите пропишани од лекар и посебен режим на исхрана, при анемија можат да помогнат и природните препарати на база на коприва. Ова моќно растение од бодликави лисја содржи значително количество железо, потоа калциум, магнезиум, витамин Б комплекс, витамин Ц, витамини А, Д и К, како и протеини, јод, бакар.

Еве рецепт за подготовка на препарат на база на коприва и мед.

Потребни состојки:

  • – 100 гр. мелено семе од коприва
  • – 500 гр. мед
  • – сок од 2 лимони

Подготовка:
Со дрвена лажица измешајте ги сите состојки. Ако ви е полесно, може да ја затворите теглата, па да протресете. Препаратот чувајте го во фрижидер. Земајте секое утро по една кафена лажичка на празен стомак.

Advertisement