Постојат бројни природни лекови кои се многу корисни и ефикасни во лекувањето на уринарните инфекции. Еден таков природен лек е маслото од семките на цитронот.

Жените обично се посклони на вакви уринарни инфекции, но тоа не значи дека и мажите не се соочуваат со истите. Ако не помагаат антибиотиците, инфекцијата може да се претвори во многу сериозен проблем и може да им наштети на бубрезите.

Тоа особено се однесува за бремените жени, бидејќи промените во уринарниот систем можат да доведат до прерано породување.

Една мана на антибиотиците е што ги уништуваат сите бактерии, и добрите и лошите. Природните лекови се сигурни за користење, а исто така се ефикасни и во лекувањето, поради што многумина се одлучуваат за алтернативен начин на лекување.

Масло од цитронови семки

Направено е истражување за да се утврди дали семките од цитронот имаат влијание врз унираниот тракт. Истражувањето кое било објавено во 2005 година покажало резултати дека ова масло е многу ефикасно дури и кога антибиотиците не дале резултати врз основа на истиот проблем.Истото истражување потврдило дека екстрактот од цитроновите семки не го инхибира растот на добрите бактерии.

Како делува ова масло?

Во почетокот лекарите тврделе дека екстрактот од цитронови семки во препорачани дози делува против сите бактерии во телото.Меѓутоа, пред 10-тина години научниците успеале да утврдат со помош на електронски микроскопи дека екстрактот точно и целно делува.Имено, тој успева да ја пробие бактериската мембрана и да ја ослободи цитоплазмата од внатрешната содржина на бактеријата, и тоа за многу кратко време, во рок од 15 минути, па дури и во минимални дози.

Екстрактот со цитроновите семки го инхибира растот на грам позитивните и грам негативните бактерии.Тоа покажува дека овој екстракт делува неверојатно брзо и неверојатно добро. Исто така, екстрактите се многу силни антифугални средства, со што имаат уште една предност над антибиотиците.

Кога имате било какви уринарни инфекции, консумирајте екстракт од цитронови семки секојдневно, две седмици. Или пак, јадете цитрон, и тоа ќе биде доволно…

Advertisement